6.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Мадрид се понуди да го организира финалето во ЛШ

Финалето во Лигата на шампионите за оваа сезона требаше да се одржи во Истанбул, на Олимпискиот стадион „Ататурк“, меѓутоа се шпекулира дека УЕФА ќе го премести главниот настан во Лисабон, Португалија. Една од опциите за доигрување на сезоната е да се организира турнир во португалската метропола, но сега се појави нов град кандидат да го преземе домаќинството.

„УЕФА моментално работи да најде решение за овој проблем и можам само да кажам дека Мадрид стои на располагање“, истакна Хосе Луис Мартинес, градоначалникот на Мадрид.

Култниот „Сантијаго Бернабеу“ и ултрамодерниот дом на Атлетико Мадрид „Ванда Метрополитано“ се двата стадиони во главниот град на Шпанија кои ги исполнуваат критериумите за организирање на финалето, меѓутоа храмот на Реал Мадрид моментално е во процес на реконструкција, така што „Ванда“ останува како опција.

Инаку, последното финале од сезоната 2018/19 се одигра токму на стадионот од Јорганџиит,е во кое Ливерпул славеше против Тотенхем со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести