32.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Мадридското дерби и Модриќ против Елмас се главните предизвици во новото коло на Спортската прогноза

Типувањето за новото, трето коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е отворено.

Првиот натпревар започнува в сабота во 15.30 часот, а тоа значи дека тоа е терминот до кој може да типувате.

Саботни предизвици се мечевите: Хајденхајм – Аугсбург, Волфсбург – Лајпциг, Лидс – Борнмут, Атлетико Мадрид – Реал Мадрид, Јувентус – Аталанта и Мајорка – Алавес.

Според имињата, секако, дербија се оние во Мадрид и Торино.

За недела остануваат мечевите: Астон вила – Фулам, Елче – Селта, Мец – Ле Авр, Њукасл – Арсенал, Келн – Штутгарт, Рен – Ленс и Милан – Наполи. В недела се играат и двата резервни пара кои се бројат за генерален пласман.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари од основната понуда, како подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести