14.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Мадриѓани реагираат за поништениот гол: Дали треба да си ја исече раката?

Реал Мадрид ги освои планираните три бода во дуелот против Мајорка, победувајќи со 2:1. Триумфот на Кралевите можеше да биде и многу поубедлив, но ВАР системот им поништи дури три гола.

Два погодоци беа поништени поради минимални офсајд позиции на Килијан Мбапе, додека еден гол не беше признат поради играње со рака на турскиот репрезентативец Арда Ѓулер.

Токму тој погодок на Ѓулер предизвика многу полемики и дискусии, околку одлуката на судијата да биде поништен. Ѓулер беше во петерецот на противникот, кога еден играч на Мајорка се обиде да ја исфрли топката, но шутираше директно во Ѓулер. Турчинот ја подигна раката кон телото, но му беше „залепена“ за телото, а потоа успеа да постигне гол.

Главниот судија доби повик од ВАР собата дека може да има спорно нешто во таа ситуација, а по прегледување на снимката, одлуката беше дека голот треба да биде поништен, со образложение дека раката не се наоѓа во природна позиција, иако е „залепена“ за телото.

Фановите на Реал на „Сантијаго Бернабеу“ бурно реагираа на оваа одлука голот да биде поништен, а потоа на социјалните мрежи дојде и дилемата дали „фудбалерот треба да си ја исече раката“, во ваква ситуација за да не биде досудено играње со рака.

- Оглас -

Најнови вести