Маестрален тикет – Македонија даваше голови во прво полувреме, само со два пара си ќари чисти 500 евра (Фото)

Маестрален тикет одигра обложувач во уплатното место на Sport Life кај Универзална сала во Скопје, а две македонски фудбалски репрезентации даваа голови во првото полувреме за бруто-добивка од 39.000 денари.

МАКЕДОНИЈА ЕКСПРЕС ВО ДВЕ ИЗДАНИЈА ДОНЕСЕ ЌАР ОД НАД 500 ЕВРА 

Со уплата од 1.000 денари обложувачот во Sport Life одигра дека нашата младинска репрезентација за играчи до 21 година ќе постигне најмалку два гола во првото полувреме против врсниците од Босна и Херцеговина.

Новиот македонски фудбалски бисер Арда Куртулан, кој е играч на гигантот Фенербахче, погоди двапати, во 24-тата и во 34-тата минута, доволно за погоден тип Т1 2+ прво полувреме со квота од 7.50.

Остана да се чека и вториот меч на Македонија што се играше вчера, против Гибралтар во Лигата на нациите, а тука беше типувано дека ќе постигнеме најмалку 3 гола во првиот дел.

Целта беше постигната со три погодоци до 16-тата минута, а прецизни беа Барди и двапати Миовски за погоден тип Т1 3+ прво полувреме со одличен коефициент од 5.20.

Двата пара заедно имаат вкупен коефициент 39 на добитниот тикет што со одбиен данок носи нето-добивка од над 500 евра.

 

МАЈСТОРЛУКОТ СЕКОГАШ ГО СЛЕДИ И СРЕЌАТА, ПОГОДУВАШЕ ТОЧНИ ГРАНИЦИ ВО НБА-ФИНАЛЕТО ЗА ТИКЕТ ШТО НОСИ НАД 320.000 ДЕНАРИ

За погоден тикет со голема добивка речиси секогаш треба и доказ среќа, а фортуната му се насмевна на обложувач во Пробиштип, со уплатени 8 пара на четвртиот меч од НБА-финалето меѓу Бостон селтикс и Голден стејт вориорс.

Одиграни се различни варијанти и со уплата од 1.000 денари добивката во бруто-износ е 321.885 денари исплатени во Sport Life.

Дури во три варијанти од вкупно 8 одиграни на тикетот погодена е самата граница на понудените плус и минус игри на поени, триплета и скокови.

Џејсон Тејтум оствари вкупно 40 поени во комбинација на кошеви, асистенции и скокови, а границата за популарната триплета беше 39,5, па точно е фатен плусот.

Тоа се случи и кај Маркус Смарт, бекот на Бостон, каде што е типувано дека ќе има помалку од 4,5 скока, а тој забележа точно 4.

Фортуната се насмевна и на типот плус поени за Ендрју Вигинс, кој постигна 17, а границата понудена од Sport Life беше 16,5.

НУЛИТЕ СЕ МАГИЧНИ, НАНИЖА ЧЕТИРИ И СИ ПОДИГНА 33 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Во Кочани обложувач со уплатен тикет со четири „нули“ си ќари убава добивка од 33.037 денари со влог од 100 денари.

Сите натпревари беа од Сегментот А во Лигата на нациите и сите завршија нерешено. Англија и Италија во нов европски фудбалски класик одиграа без голови, Унгарија и Германија дадоа по еден, но и тука немаше победник на меч што заврши 1:1, а на останатите два меча требаше и малку среќа за убава добивка.

Полска со два гола најави сензација на култниот „Де Кајп“ во Ротердам, но Холанѓаните брзо израмнија на 2:2 со голови во 51-вата и 54-тата минута, а за да остане нерешено и на крај, се погрижи Мемфис Депај со промашен пенал во 91-вата минута.

Последниот саботен меч што беше уплатен на добитниот тикет се играше во Кардиф, а Велс избегна пораз од Белгија со гол во 86-тата минута, за реми 1:1 и многу радост во Кочани.

НА БИТ ПАЗАР СИ НАПРАВИ ДОБАР ПАЗАР, СО УПЛАТА ОД 70 ДЕНАРИ СИ ГО ПОПОЛНИ БУЏЕТОТ СО НАД 100.000 ДЕНАРИ

Со уплатен тикет за 70 денари, обложувач во Sport Life на Бит Пазар си ќари 108.268 денари во бруто-износ, а погодени се 9 фудбалски натпревари.

Двете „нули“ на дуелите меѓу Жирона и Тенерифе и Црна Гора и Босна и Херцеговина значително ја подигнаа добитната сума, а помогна и голот на Унгарија против Германија во првото полувреме.

Долго се чекаше Велс да постигне гол против Белгија, а тоа се случи во 86-тата минута за реми 1:1 и погоден тип ГГ, што само го комплетира добитниот тикет со вкупен коефициент од 1547 во Sport Life и за прекрасна добивка од над 100.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести