Маестрална акција и гол на Даглас Коста – Вредеше да се чека 8 месеци за вакво ремек-дело (Видео)

Даглас Коста и Гонзало Игуаин изведоа перфектна акција, победничка за Јувентус во Москва и вредна пласман во осминафиналето.

Ова е голема сатисфакција за Коста, кој е често повреден и пропушти доста натпревари и лани и во оваа сезона, но повторно покажа дека е класа играч кога е потполно фит.

Во акцијата за победа од 2:1 во Москва му помогна и Игуаин со прекрасна асистенција со петица, а Коста, кој го почна победничкиот танц во 91-вата минута, рутински ја затресе мрежата на Гилјерме и му донесе осминафинале на Јувентус.

Погледнете ја една од најубавите акции во овој цилус во Лигата на шампионите.

https://www.youtube.com/watch?v=8a1LITBvj6A

- Оглас -

Најнови вести