Барселона со рутински 4-0 над Валјадолид во мечот од третото коло во Ла Лига, ја запиша втората победа сезонава и тоа во гол-шоут на Роберт Левандовски.
Полскиот напаѓач во своето деби не можеше да го надитри нашиот Столе Димитриевски пред две кола, но вечерва конечно проработе и на „Камп ноу“ како двоен стрелец.
Прво стрелаше во 24-тата минута по феноменалната асистенција на Рафиња, а потоа Левандовски реализираше 3-0 во 65-тата минута со маестрална штикла при што доби малку помош и од противничкиот играч. Во меѓувреме погоди и Педри пред финишот на првото полувреме, односно Роберто во судиското надополнување, за Каталонците да освојат седум од максимални девет бода по три кола.