Саутемптон и Манчестер јунајтед одиграа одлично прво полувреме во кое двете екипи постигнаа по два гола. Домаќините имаа предност до 2:0, но Манчестер не се „изгуби“ и до полувремето успеа да израмни. Посебно атрактивен беше погодокот на Андер Ерера за израмнување на 2:2 во 39 минута.