Фудбалерките на Барселона вторпат во три години стигнаа до трофејот од женската Лига на шампиони, откако во Ајндховен го совладаа Волфсбург со 3-2. Победата и трофејот се уште по значајни ако се знае дека “каталонките“ губеја со 0-2 на полувремто со головите на Пахор и Пап. Предноста на Волфсбург беше стопена за само пет минути во второто полувреме преку Гијар, додека голот за победа беше дело на Фридолина Ролфо во 70-тата минута.
Волфсбург останува на два трофеи во Лигата на шампионите, а последниот го освои во 2014-тата година. Барселона сега стигна до вториот трофеј, откако претходно славеше и во финалето во 2021-вата година.
Најтрофејна екипа во женската Лига на шампионите е француски Лион со дури осум титули.