Фудбалерите на Борусија Дортмунд со магичен пресврт од 0-2 до 3-2 успеаја да дојдат до третата победа по ред во Бундеслигата и на тој начин да се вратат на минус девет од лидерот Баерн Минхен.
Гостите од Хамбург со головите на Отеле во 19-тата и на Локонга во 38-мата дојдоа до убедливи 0-2 уште во првиот дел. „Милионерите“ имаа шанса да намалат, но Нмеча не успеа да реализира пенал во 45-тата минута.
Сепак, Бенсебаини во 73-тата успеа да погоди од пенал и да намали на 1-2, а Гираси само пет минути подоцна израмни на 2-2.
Комплетен пресврт се случи во 84-тата минута, кога за Борусија Дортмунд беше досуден и трет пенал, а успешен реализатор повторно беше Бенсебаини.

