Магична акција во изведба на Влаховиќ и Рабио му донесе вредна победа на Јуве (Видео)

Јувентус ја совлада Рома со 1-0 во вечерашното дерби на италијанската Серија А, по што Старата дама се врати на само два бода негатива зад првопласираниот Интер и му „дише во врат“ на водечкиот тим во трката за Скудетото.

Втората минута од второто полувреме беше пресудна за конечниот исход, бидејќи тогаш падна единствениот гол. Стрелец беше Адриен Рабио, за кого ова е 14-ти гол од почетокот на минатата сезона наваму, ниеден друг играч од среден ред нема толку многу голови во тој период.

Рабио за неколку сантиметри избегна офсајд позиција и го совлада Руи Патрисио после атрактивната асистенција со пета на Душан Влаховиќ.

Рома која е седма на табелата, има само една победа во последните четири кола. Нивниот играч Пауло Дибала кој од Јуве се пресели во Рома, доби аплаузи од публиката во Торино. Инаку, Дибала беше и играчот на Рома кој имаше најубава шанса за гол вечерва.

Погледнете како Србинот и Французинот ја надиграа и матираа одбраната на Волчицата:

https://twitter.com/i/status/1741200785185124794

- Оглас -

Најнови вести