Магична асистенција и голгетерски инстинкт му помогнаа на Сити да го „отвори“ Бриж (Видео)

Спортинг Лисабон води неочекувано убедливо со 3-1 на гостувањето кај Бешикташ во дуел на два тима кои немаат бод по првите две кола во Лигата на шампионите, додека Манчестер сити има сигурни 2-0 во Белгија против Клуб Бриж.

Во Истанбул прекините беа главна опасност за голманите, првите три гола паднаа по корнери, а потоа Португалците погодија и од пенал. Турскиот првак даде убав гол за 2-3, но беше поништен, па Орлите ќе имаат проблем да се изборат за првиот бод.

Граѓаните од Манчестер водат со комотни 2-0, а особено убав беше првиот гол, кога Фил Фоден имаше прекрасна асистенција, додека бекот Жоао Кансело покажа завидна техника и голгетерски инстинкт. Потоа гол од пенал даде Ријад Марез.

Ова е погодокот на Кансело, кој одлично ја прими топката и добро се снајде за отворање на резултатот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести