Магичниот Дончиќ донесе многу важна победа во борба за плејофот (Видео)

Далас маверикс стигна до многу важна победа во дуелот против Мајами хит од 127:113, и тоа на гостински терен. Мајами добро започна и по првата четвртина водеше со 39:30, но веќе на полувреме ситуацијата беше целосно променета. Далас беше тимот кој имаше девет поени предност, и тоа со 63:54. По три четвртини, гостите стигнаа и до недостижни 98:77 и беше јасно дека Далас ќе се радува на победата.

Лука Дончиќ повторно беше предводник на Далас со 23 поени 12 скока и осум асистенции, а блескава вечер кај гостите имаше и Хардевеј, кој даде дури 36 поени и беше прв стрелец на мечот.

За Далас ова беше 37 победа сезонава и се израмни со билансот на шампионот ЛА лејкерс, кој е на петтото место на Западот. Портланд, кој е седми во конференцијата има 36 победи и ќе биде жестока битката за тоа кои екипи ќе бидат во Топ 6. Мајами со поразот си го закомплицира својот пласман во плејофот. Жешките уште се на посакуваното шесто место, но Бостон може да ги стигне.

Резултати: Кливленд – Феникс 118:134 по продолжение, Детроит – Шарлот 99:102, Милвоки – Бруклин 124:118, Мајами – Далас 113:127, Њу Орлеанс – Голден стејт 108:103, Оклахома – Сакраменто 99:103, ЛА клиперс – Торонто 105:100.

 

- Оглас -

Најнови вести