„Магичниот Oрел“ слета на „Сан Сиро“

Милан го претстави Мајк Мањан, своето прво засилување во пресрет на новата сезона. Францускиот чувар на мрежата потпиша петгодишен договор со Росонерите, кои пак исплатија сума од 13 милиони евра на Лил за неговите услуги.

Мањан статистички беше најдобар голман во Лига 1 во изминатата сезона со 21 сочувана мрежа и само 23 примени погодоци во 38 кола, учинок кој му ги отвори вратите кон преселбата на „Сан Сиро“, каде што ќе биде замена за Џанлуџи Донарума, кој е слободен да си бара нов клуб откако деновиве ќе му истече договорот.

Магичниот Орел како што го нарекуваа во Лил, посочи дека трансферот во редовите на седумкратниот европски првак му е награда за одличната сезона во која им помогна на Данските доги по една деценија пауза да ја освојат титулата во Франција.

https://twitter.com/acmilan/status/1397953241762041858

- Оглас -

Најнови вести