Дани Алвес покажа што значи да се биде вистински лидер на тимот. Искусниот 36-годишен дефанзивец, кој ја има капитенската лента на Бразил, беше прогласен за играч на мечот во полуфиналето од Копа Америка против Аргентина. Иако Габриел Жезус и Роберто Фирмино имаат по еден гол и асистенција, приматот за најдобар на теренот му припадна на Алвес.
Ветеранот едноставно го имаше на секој дел од теренот. Ја контролираше целата игра без разлика дали е во нападот или одбраната, а неговиот потег пред постигнувањето на првиот гол за Бразил, едноставно е магичен. На крајот, Бразил се радуваше на победа од 2:0.