Магично делува топката за ЕП 2020 (Фото)

На помалку од девет месеци до почетокот на Европското првенство, од „Адидас“ ја претставија топката со која треба да се играат мечевите на континенталниот собир. Топката се вика „Унифорија“, а името го доби како спој од „единствно“ и „еуфорија“, која го предизвикува фудбалот низ целиот свет.

На дизајнот на „Унифорија“ се вградени ГПС координатите на сите 12 градови во кои ќе се игра ЕП 2020. Кога се работи за спецификациите како модел, оваа топка треба да го има истиот квалитет како топката со која се играше Светското првенство во 2018 година.

Европското првенство 2020 ќе биде прослава на 60 години од првиот континентален собир. Турнирот ќе се игра низ цела Европа, а како градови-домаќини ќе бидат: Лондон, Глазгов, Даблин, Билбао, Амстердам, Копенхаген, Сент Петерсбург, Минхен, Рим, Будимпешта, Букурешт и Баку.

- Оглас -

Најнови вести