Магично за Орландо меџик, сами си ја кројат судбината

Орландо меџик – Атланта хоукс (НБА, 01 часот)

Орландо конечно е во позиција да си одлучува за судбината и не зависи од другите екипи за плејоф.

Ако Меџик ги добијат сите три натпревари до крајот на регуларниот дел на сезоната сигурно ќе настапат во доигрувањето за титулата.

Првата меч топка е ноќеска на домашен терен против отпишаната Атланта. Гостите оддамна не се во игра за плејоф, но играат одлично во финишот на сезоната. Имаат пет победи на последните 7 меча, но и три порази по ред во меѓусебните дуели со Орландо.

Домаќините се во страшен налет, играат најдобра кошарка во финишот на сезоната во НБА споредено со главните конкуренти, Мајами хит, Бруклин нетс и Детроит пистонси што им е најважно сами си ја кројат судбината.

Ја победија Атланта во сердината на март со 10 поени разлика, имаат 9 победи по ред во својата сала и се очекува и десетката.

Предлог тип: 1-1 (1.60)

 

Њујорк ренџерс – Колумбус Блу џекетс (НХЛ, 01 часот)

Њујорк ренџерс е едно од непријатните изненадувања сезонава во НХЛ лигата и нема да играат за титулата. Иако имаат добар состав рано испаднаа од трката за плејоф, па сега за нив последните мечеви од регуларниот дел на сезоната имаат само ревијален карактер.

Сосема спротивна е приказната на гостите. Колумбус бие голема битка за последната, осма позиција на Истокот што води во доигрувањето за пехарот.

Блу џекетс имаат 3 бодови помалку од главниот конкурент Каролина за осмото место, но и еден меч повеќе за одигрување. Ноќеска во „Медисон сквер Гарден“ ќе го играат најважниот меч во сезоната и со триумф ќе бидат многу блиску до плејофот.

Предлог тип: 2 (1.90)

 

Хјустон рокитс – Њујорк никс (НБА, 02 часот)

Хјустон се уште не е сигурен за третото место во Западната конкуренција, па победата против најслабиот тим во НБА лигата е императив за Харден и соиграчите.

Џејмс Харден е посебна приказна во дуелите против Њујорк. Постигна фантастични 61 поени на последниот меч во „Медисон Сквер Гарден“ со што го израмни рекордот на Коби Брајант, со најмногу поени на гостински кошаркар во легендарната сала на Никс.

И има серија од пет меча против Њујорк на кои постигнувал 30, или повеќе поени.

Хјустон е во опасен налет со четири победи по ред и 18 на последните 21 натпревар. Против Никс имаат одлична серија од 8 победи по ред, а речиси и да нема дилеми и за деветтата во низа.

Предлог тип: Т1 > 118.5 поени (1.88)

 

Чикаго блекхокс – Далас старс (НХЛ, 02.30 часот)

Чикаго не успеа да се пробие до осмата позиција во Западната конференција, што е големо разочарување за 6-кратниот освојувач на Стенли купот и еден од шестте основачи на НХЛ.

На гости ноќеска им е составот на Далас, кој сигурно ќе игра во плејофот, но бие две последни битки од регуларниот дел за пробив на шестата позиција во Западната конференција. И има супер низа од три гостински победи против Чикаго.

Домаќините се без мотиви, а гостите имаат проблем со повреди на неколку многу важни хокеари за нив, но сепак се поблиску до триумф. Бодовите им се неопходни за да го претркаат Вегас на шестото место.

Предлог тип: 2 (2.50)

 

Феникс санс – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 04 часот)

Во „Токинг Стик Рисорт“ арената ноќеска ќе се игра меч без резултатско значење за двете екипи.

Феникс без разлика на исходот на овој меч и на преостанатите до крајот на сезоната ќе остане најслабопласираната екипа во Западната конференција во НБА лигата.

Ноќеска ќе игра и без главните три кошаркари, Букер, Ајтон и Ворен, па се чини дека гостите се фаворити за победа.

Но и на Њу Орлеанс не му цутат рози, популарните Пеликанс се меѓу лузерите сезонава, бидејќи имаат квалитетет тим, но нема да настапат во плејофот.

Ентони Дејвис е на заминување, Џру Холидеј е повреден, нема да играат ниту Френк Џексон, Мур и Милер, па ќе имаме меч на резервите во двата состави.

Ќе се игра без императив, што е најава за ефикасен дуел со многу поени. Последните два меѓусебни натпревари беа ултраефикасни со над 240 поени, па може да се очекува нов, со сличен епилог.

Предлог тип: > 233.5 поени (1.90)

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести