Магија – Дончиќ го даде најубавиот кош што не важи, Далас постави нов рекорд (Видео)

Лука Дончиќ повторно имаше магичен потег и го постигна најубавиот кош што не важи во претсезоната во НБА-лигата. Откако поради фаул над Џејлен Брунсон акцијата беше сопрена, топката дојде до Словенецот, кој постигна кош без гледање со висок лак на баскетот што заврши низ мрежичката на кошот на Шарлот хорнетс.

Далас го растури ривалот со 127:59, што е најубедлива победа во претсезонски меч во историјата на НБА-лигата. И тоа Маверикс го сторија против тимот чиј сопственик е легендарниот Мајкл Џордан.

Со иста разлика од 68 поени рекордот во официјален меч во НБА го држи Детроит. Пистонс во 1991 година го декласираа Мајами хит со 148:80.

 

- Оглас -

Најнови вести