Репрезентативната пауза ја искористија и селекциите на Аргентина и Мексико до 23 години за да одиграат пријателски натпревар. Гаучосите победија со 4:2, а потегот на мечот беше „магијата“ на Матијас Суле во 25-тата минута.
Бисерот на Јувентус, кој сезонава игра на позајмица во Фросиноне постигна атрактивен гол, тој по додавањето на соиграчот Гарсија, од прва и во скок шутна со левата нога и го изненади голманот на Мексико.
Суле сезонава игра одлично во дресот на Фросиноне и според италијанските медиуми од следната сезона се очекува да биде еден од клучните играчи на Јувентус.