Со два магични гола Уеска го победи Еибар со 2-0 и му го предаде фенерот на Рајо Валјекано во популарната шпанска Ла Лига.
Со петица на извонреден начин, Енрик Гаљего го постигна првиот гол на мечот, а тој е јубилеен триилјадити откако шпанското првенство се ребрендира во Ла Лига.
Потоа следуваше уште поубав гол, го постигна со неверијатен волеј од 20-тина метри Езекило Авилја, а домаќините останаа во битка за опстанок во елитната шпанска лига.
Сега Уеска со 29 бода е претпоследна, а фенерот со меч помалку го има Рајо Валјекано. Еибар е релативно безбеден во битката за опстанок со 40 бодови.