10.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025

Магија на Јокиќ, заби преку Шенѓун и покажа кој е главен во НБА (Видео)

Денвер победи на гости кај Хјустон со 112-109 благодарение на Никола Јокиќ кој имаше 34 поени, 10 скока и 9 асистенции, надигрувајќи го Алперен „Бејби Шек“ Шенѓун, Турчинот имаше 14 поени, пет скока и шест асистенции.

Денвер има 9-1 на последните десет меча, а победничките поени против Ракетите ги даде Јокиќ од линијата за слободни фрлања на 2,7 секунди до крајот.

Српскиот центар го имаше потегот на вечерта, атрактивно забивање преку Шенѓун и Џабари Смит кога ги „постеризираше“ и сакаше да покаже кој е главен на теренот.

Изненадувачки порази претрепеа Бостон од Бруклин и Голден стејт од Портланд, а Торонто репторс е првиот тим кој обезбеди четвртфинале на плејофт во НБА купот.

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Индијана 120:109

Бостон – Бруклин 105:113

Торонто – Вашингтон 140:110

Чикаго – Мајами 107:143

Далас – Њу Орлеанс 118:115

Феникс – Минесота 114:113

Хјустон – Денвер 109:112

Голден Стејт – Портланд 123:127

Јута – Оклахома 112:144

- Оглас -

Најнови вести