Магија на Крос: еве зошто Брахим му чистеше копачки, а Анчелоти рече дека е незаменлив и кога не игра (Видео)

Тони Крос една деценија му покажува на светот каков фудбалски мајстор е, а тоа го потврди и вечерва со одлична игра против Гранада и магична асистенција при голот за 1-0. Стрелецот Брахим Дијас му се заблагодари на Германецот така што му ги чистеше копачките.

Тренерот Карло Анчелоти после мечот кој Реал го доби со 2-0, рече дека Крос е уникатен играч кој не се плаши од притисок, секогаш наоѓа решенија и порецизно додава, и дека е незаменлив за тимот дури и кога е на клупа и не игра.

Ова е најубавиот агол од кој се гледа какво беше додавањето на Крос, кое Брахим го круниса со погодок:

- Оглас -

Најнови вести