Магија на Мертенс, Наполи го испрати Фрозиноне кон Серија Б (Видео)

Дријс Мертенс постигна еврогол од слободен удар за Наполи против Фрозиноне и најави победа, која со уште еден убав погодок ја потврди Амин Јунес.

Гостите славеа со 2:0 и речиси сигурно го испратија Фрозиноне кон Серија Б. Мертенс погоди во 19. минута, а Јунес беше прецизен по одличен соло-продор во 49. минута.

Наполи се зацврсти на втората позиција со 70 бодови, зад шампионот Јувентус, а на наполитанците им требаат само уште два бода во последните четири натпревари за да си осигураат настап во Лигата на шампионите.

Фрозиноне е претпоследен со 10 бода помалку од Удинезе и треба да се случи чудо за да се спаси од испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести