Лука Дончиќ остана покус за еден скок за нов-трипл-дабл во ноќ во која повторно беше маестрален и постигна 36 поени со 11 асистенции и 9 скока во победата на Далас против Сан Антонио со 122:117.
Од НБА веднаш му го најдоа скокот што му фалеше за трипл-дабл и на шега објавија на социјалните мрежи дека го пропуштиле моментот што е магичен и повторно е во изведба на брилијантниот Словенец.
https://twitter.com/NBA/status/1352829229382168576?s=20
Дончиќ е најмладиот кошаркар во историјата на НБА што стасал до 30 трипл-дабл учиноци и тоа на неполни 22 години.