Магија на Словенецот – НБА му го најде скокот на Дончиќ што фалеше за трипл-дабл (Видео)

Лука Дончиќ остана покус за еден скок за нов-трипл-дабл во ноќ во која повторно беше маестрален и постигна 36 поени со 11 асистенции и 9 скока во победата на Далас против Сан Антонио со 122:117.

Од НБА веднаш му го најдоа скокот што му фалеше за трипл-дабл и на шега објавија на социјалните мрежи дека го пропуштиле моментот што е магичен и повторно е во изведба на брилијантниот Словенец.

Дончиќ е најмладиот кошаркар во историјата на НБА што стасал до 30 трипл-дабл учиноци и тоа на неполни 22 години.

 

 

- Оглас -

Најнови вести