„Магијата“ на Фалкао за радост на Галатасарај (Видео)

Галатасарај остана во трка за титулата во турското првенство, откако славеше на гости кај Кајсериспор со 3:0. Со овој триумф, Галатасарај стигна до 61 бодови и е само на два бода од лидерот Бешикташ.

Гостите беа фаворити пред мечот, а отпорот на гостите беше скршен пред крајот на првото полувреме, кога Радамел Фалкао постигна еврогол. Колумбиецот кој има 35 години покажа дека го нема загубено осетот за голови и со фантастична реакција го матираше домашниот голман.

По тој гол на Фалкао, Галатасарај во второто полувреме даде уште два гола и стигна до убедлив триумф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести