Магијата на Ибра која го натера Буфон да „плива“ во празно, а топката да заврши во мрежа (Видео)

Златан Ибрахимовиќ и на 41 година уште не планира да се откаже од фудбал. Легендарниот шведски голгетер во сезоната која измина се израдува на титула во италијанската Серија А како играч на Милан.

Во изминативе две децении, Ибрахимовиќ одигра многу блескави мечеви, даде неверојатни голови за кои уште долго ќе се зборува, а еден од таквите погодоци е постигнат пред точно 18 години.

На Европското првенство во 2004 година, Шведска играше против Италија, а Ибрахимовиќ даде погодок за памтење. На голот на Италија беше легендарниот Џиџи Буфон, а одбраната на Аѕурите секогаш била гранитна. сепак, кога Ибра реши да погоди, никој не успеа да го спречи. Со фантастичен удар со петица го измами Буфон и целокунпата одбрана на противникот, а топката заврши во мрежата.

УЕФА како најава за ЕП 2024 година, денеска потсети на тој прекрасен гол на Златан.

- Оглас -

Најнови вести