Спортот, а во овој случај ракометот ја има моќта да прекине војни и да ги спои неспоивите работи.
Иако во овој случај Хрватска и Србија не војуваат, јасно е големото ривалство помеѓу овие две селекции, кои вечерва во Сегедин од 20:30 часот ќе ги одмерат силите.
Навивачите го положија тестот и покажаа голем респект едни спрема други, а на интернет се појави и фотографија каде што се сликаат фановите на двете селекции, заедно со знамињата кои се врзани едно за друго, што дефинитивно посетува на едни дамнешни поубави времиња.
Нека победи подобриот на терен и се надеваме дека се ќе мине во најдобар ред.