Јувентус и Интер одиграа 1:1 во меч од Интернационалниот куп на шампионите по 90 минути одиграни во Кина. Интер имаше предност од 1:0 на полувремето благодарение на автоголот на Матајс де Лихт во десеттата минута. Најскапиот дефанзивец во фудбалот едноставно лошо започна во дресот на Јувентус.
Де Лихт дебитираше против Тотенхем, а кога влезе во игра, Јувентус имаше предност од 2:1 за на крајот Тотенхем да даде два гола и да се радува на триумф од 3:2. Денеска Де Лихт беше стартер и лошо реагираше, па ја затресе сопствената мрежа. Погодокот на Де Лихт може да го погледнете ТУКА.
Во вториот дел, Јувентус израмни благодарение на кој друг ако не на Роналдо. Кристијано погоди од слободен удар, што беше и резултат по 90 минути, па пеналите мора да го дадат победникот.