Магионичарот од Белгија е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата (ФОТО)

Кевин де Бруин е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата за оваа сезона. Фудбалерот на Манчестер сити на едно коло до крајот има 15 погодоци и седум асистенции, со што сосема заслужено дојде до ова признание.

Де Бруин го победи Мохамед Салах како најголем конкурент, а ќе има можност да оствари уште еден триумф утре. На Белгијанецот и неговиот тим потребна им е победа над Астон Вила за да дојдат до титулата во Премиер лигата.

Најдобриот млад фудбалер, пак, исто така доаѓа од редовите на Манчестер сити, а станува збор за Фил Фоден.

- Оглас -

Најнови вести