Мангупски потег на Далиќ: Бронзата му ја подарувам на Чиро Блажевиќ, тренерот на сите тренери

Златко Далиќ жнее медали од Светските првенства со Хрватска и денеска освои бронза по победата од 2:1 против Мароко, откако на претходниот Мундијал во Русија пред четири годинисе закити со сребро по поразот во финалето од Франција.

Актуелниот селектор на Коцкестите со денешниот успех го претрка легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ, кој беше творец со своите избраници на првиот хрватски медал на Светското првенство во 1998 година, кога беше освоена бронзата.

Блажевиќ е тепко болен во 87-та година од животот, па Далиќ постапи џентлментски и мангупски со изјавата по денешниот меч за третото место против Мароко.

„Бронзата за нас е со златен сјај и овој успех е за целиот хрватски народ. Јас му го подарувам медалот на Чиро Блажевиќ, човекот кој го започна се ова. Шефе ова е за Вас. Можам јас да освојам и пет медали, но Чиро Блажевиќ секогаш ќе биде еден и единствен, тренер на сите тренери“, изјави Далиќ.

Утре од 16 часот во мечот за Златната Божица ќе играат Франција и Аргентина, две селекции што имаат по две титули светски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести