Махмудов се распука – Хет-трик за 16 минути, ерменското гол-шоу го заврши со покер

Денис Махмудов се распука и имаше гол-шоу за Пјуник на мечот со Ереван во ерменската лига. Македонскиот интернационалец ја почна голеадата во 16-тата минута со погодок од пенал, продолжи со хет-трик за 16 минути и до 32-рата минута веќе имаше постигнато три гола во победата на Пјуник од 8:2.

Пола Магмудов, пола сите останати стоеше на семафорот на стадионот во Ереван, а за покер македонскиот фудбалер се погрижи со нов погодок во 78-мата минута.

Со денешниот извонреден ефект од 4 голови, Денис стигна до девет погодоци на пет меча во првата сезона како член на Пјуник и просекот му е скоро два гола на натпревар.

Искусниот 30-годишен напаѓач кој е роден во Велес поголемиот дел од кариерата ја мина во Холандија и играше за: Цволе, Спарта Ротердам, Телстар, Дордрехт и Ексцелзиор, а настапуваше и во Бугарија за Левски.

- Оглас -

Најнови вести