Махучик е олимписка шампионка, но се резултат далеку од светскиот рекорд кој го постави пред два месеци

Светската рекордерка, Јарослава Махучик, е нова олимписка шампионска во дисциплината скок во височина, но со резултат далеку од светскиот рекорд кој го послави пред само два месец.

Украинката вечерва во Париз победи со прескокнати 2.00, додека рекордот кој го постави на истот овој стадион пред само два месеци изнесува 2.10, со што од првата позиција на вечната листа ја прескокна легендарната бугарка, Стефка Костадинова. Втората позиција ја освои Никол Олислагерс од Австралија со идентични 2.00 како и Махучик, но со послаба серија.

Бронзениот медал го поделија две атлетичарки, кои прескокнаа по 1.98 со идентични серии, Елеонор Патерсон од Австралија и Ирина Герсченко од Украина. Тоа значи дека во дисциплината скок во височина на пиедесталот ќе има по две украинки и австралијанки.

- Оглас -

Најнови вести