Кој не би одиграл? Плус на Дончиќ за 7 од 7 како подлога за добитен тикет со Полноќен експрес

8200 Торонто М-лифс – Филаделфија флаерс (НХЛ, 00 часот)

Филалделфија ноќеска одигра чудно дерби во Њујорк против Ренџерс и во регуларниот дел мечот заврши 0:0, што е рекост во хокејот и, секако, и во НХЛ-лигата.

Флаерс загубија по продолженија, и тоа вторпат по ред, што значи дека имаа интензивни и долги мечеви.

Имаат и проблеми со повредени хокеари, што е шанса за Торонто. Мејплифс се во серија од четири порази и сега имаат можност да завртат нов лист со победа против Филаделфија.

Последните три меча меѓу овие екипи ги доби Торонто, и тоа убедливо, а беа ефикасни, па типуваме дека ќе продолжи традицијата.

Предлог тип: 1&5+ (1.71)

 

8501 Мајами хит – Сакраменто кингс (НБА, 00.30 часот)

Деарон Фокс се повреди и тоа е огромен хендикеп за Сакраменто бидејќи Лисицата им е најдобар кошаркар.

Патем ќе им гостуваат на Хит во незгоден момент, кога ја сопреа мини-серијата од два порази со победа против шампионот Голден стејт вориорс.

Кошаркарите на Мајами плус се и екстра-мотивирани и ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Кингс од пред четири дена.

Сакраменто тогаш победи со 119:113, но без Фокс и на гости ноќеска тешко дека ќе има реприза.

Предлог тип: 1 (1.48)

 

8505 Милвоки бакс – Детроит пистонс (НБА, 01 часот)

Милвоки и Детроит ќе играат две ноќи по ред, а неочекувано ноќеска Бакс се мачеа со Пистонс и победија само со два поени разлика, 110:108.

Во финишот на третиот период, Милвоки имаше 15 поени предност, но во последната четвртина големиот аутсајдер Детроит стигна до 105:105 и на крајот сепак потклекна.

Очекуваме Елените, кои се потенцирани како топ-фаворити за титулата, да извлечат поука и да одиграат посериозно бидејќи реално имаат многу подобар тим од Пистонс,

Гостите немаа лоша екипа, но сè уште се е во процес на изградба и типуваме дека сега ќе загубат поубедливо од Милвоки, со негатива и на полувремето.

Предлог тип: 1-1 (1.48)

 

8444 Пол Џорџ (НБА, Хјустон – ЛА клиперс, 01 часот)

Кај Лос Анџелес клиперс не играат Кавај Ленард и Џон Вол, па јасно е дека во нападот голем товар паѓа на грбот на Пол Џорџ.

Џорџ е извонреден кошаркар и кога игра како што знае, е еден од најдобрите во НБА-лигата.

Сега треба да му помогне на тимот да не го загуби здивот, додека не се вратат и Ленард и Вол, а со ова трио и остатокот од тимот Клиперс се кадарни рамноправно да конкурираат за титулата.

Пред две ноќи тимот од Ел-Еј и Хјустон играа меѓу себе и во победата на Клиперс, Џорџ даде 36 поени, па сега очекуваме реприза.

Предлог тип: >24.5 поени (1.90)

 

8432 Лука Дончиќ (НБА, Далас – Јута, 01.30 часот)

Лука Дончиќ има серија што во историјата на НБА ја имаат само уште петмина кошаркари, а стартна шестка со 30+ поени во една сезона пред него последен имал Мајкл Џордан во 1986 година.

Словенецот од стартот на овој циклус на натпревари во НБА постигнуваше редум 35, 32, 37, 41, 31 и 44 поени.

Ноќеска против Јута џез ќе го игра седмиот меч. Џезерите имаат солиден тим, но ако Лука игра како што знае, не можат да го сопрат и може како од шега да им даде најмалку 34 поени и да ја продолжи серијата.

Ова е предизвик и кој не би го одиграл плусот на Дончиќ на 33,5 поени за да се продолжи низата од 30+ поени и на седмиот меч по ред во новата сезона на моментно најдобриот кошгетер во најсилната лигата на светот.

Предлог тип: >33.5 поени (1.87)

- Оглас -

Најнови вести