Во текот на ноќта се одиграа две средби од четвртфиналето на НБА Купот, на кои триумфираа Орландо и Њујорк.
Орландо, иако ослабен поради неиграњето на првата ѕвезда Франц Вагнер поради повреда, приреди сензација и го елиминираше Мајами со резултат 117-108.
Неочекуван херој на Меџик беше Дезмонд Бејн, кој го заврши натпреварот со дури 37 поени. Џејлен Сагс додаде 20, а штотуку опоравениот Паоло Банкеро постигна 18 поени.
Во редовите на Мајами, најдобри беа Тајлер Хиро со 20, како и Бем Адебајо и Ендрју Вигинс со по 19 поени.
Во полуфиналето се пласира и Њујорк. Кошаркарите на Никс ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Торонто со 117-101.
Џејлен Брансон ги предводеше Никс со 35 поени, а Џош Харт додаде 21 поен. На спротивната страна, најрасположен беше Брендон Инграм со 31 поен.
Во полуфиналето на НБА Купот ќе се сретнат Орландо и Мајами, додека втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од вечерашните натпревари меѓу Оклахома и Феникс, како и ЛА лејкерс и Сан Антонио.

