-2.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Мајами е хит – Со билборди во Љубљана го скршија отпорот на Драгиќ (Фото)

Мајами хит имаше спектакуларна акција во обид да го задржи капитенот Горан Драгиќ и на оригинален начин со серија билборди во Љубљана му порача дека местото му е во клубот што играше финале во НБА лигата.

„Драгон, синот на Љубљана и капитенот на Мајами“ беше истакнато на еден од билбордите, а оригиналната тактика на Мајами даде резултат и најавено е дека Горан ќе го продолжи договорот со Хит за уште две години за сума од 37.4 милиони долари.

Драгиќ има 34 години и е моторот на екипата што на сензационален начин стаса до финалето во НБА, но не можеше и до титулата, најмногу поради повредата на Словенецот.

Загубија од Лос Анџелес лејкерс, но не отстапуваат од планот за нов подвиг и обид да се освои круната, а со симпатична акција во Љубљана стасаа до првата цел, Драгиќ да продолжи да игра за Мајами.

Словенецот пристигна во клубот во 2015 година и тогаш потпиша петгодишен договор за сума од 85 милиони долари. Сега е подготвен за нова авантура и за нов милионски договор за нова двегодишна соработка со Мајами хит.

- Оглас -

Најнови вести