Најдобриот тим во лигата, Милвоки бакс, го претрпе деветиот пораз сезонава и тоа на гостување кај Мајами со 105:89. Победата на домаќините е чиста како солза ако се знае дека Милвоки само во првата четвртина парираше и во неколку наврати имаше минимална предност. Последен пат гостите водеа 24:22, а потоа Мајами со серија од 13:2 стигна до 37:26 и Жешките до крајот на дуелот не му дозволија на големиот ривал да дојде до водство.
Клучно за победата на Мајами беше добрата игра во одбраната, каде што успеаја да го задржат Адетокумбо само на 13 поени. За Мајами ова е втора победа во вториот меч против Милвоки сезонава. Пред малку повеќе од четири месеци, Жешките го победија најдобриот тим во лигата и на гостински терен, и тоа во меч на кој имаше продолжение.
Резултати: Кливленд – Јута 113:126, Њујорк – Хјустон 125:123, Орландо – Портланд 107:130, Атланта – Мемфис 88:127, Мајами – Милвоки 105:89, Чикаго – Далас 109:107, Сан Антонио – Индијана 111:116.