Мајами хит нема дерман од Балканците, Јусуф Нуркиќ му удри бокс на Тајлер Хиро (Видео)

Јусуф Нуркиќ беше исклучен на мечот меѓу Портланд трејлблејзерс и Мајами хит пто го добија гостите со 115:109, откако со бокс го удри бекот на Мајами, Тајлер Хиро.

Нуркиќ се изнервира по директниот дуел со Хиро и го закачи со тупаница во брадата. Веднаш беше исклучен, а ова е веќе втор инцидент на кошаркар од просторите на екс-Југославија против кошаркар на Мајами хит.

Претходно Никола Јокиќ го турна од зад грб Маркиф Морис, на дуелот меѓу Денвер нагетс и Мајами хит.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1478962399310872577?s=20

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести