Екипите на Мајами и ЛА Лејкерс дојдоа до предност од 2-1 против Милвоки, односно Мемфис и се еден чекор поблиску од полуфиналето на Истокот. Мајами успеа да ги добие сите четири четвртини и на убедлив начин го совлада Милвоки со 121-99. Домашните доминираа од почетокот до крајот на мечот и заслужено имаат предност во серијата против првопласираната екипа во Источната конференција.
Најпрецизен во победничката екипа беше Џими Батлер со 30 поени, додека во составот на Милвоки Крис Мидлтон уфрли 23 поени.
Лос Анџелес Лејкерс победникот го решија уште во првата четвртина, која ја добија со неверојатни 35-9 и не му оставија многу простор на Мемфис да се надева дека ќе дојде до победата во “Крипто Арената“.
Гостите се обидуваа да се вратат во игра, но само за да доживеат чесен пораз од 10 поени разлика, односно 111-101. Најпрецизен на теренот беше кошаркарот на Мемфис, Џа Морант со дури 45 поени, речиси половина од својата екипа, но и тоа не беше доволно за победа. Во победничкиот состав најпрецизен беше Ентони Дејвис со 23 поени.