Американскиот фудбалски клуб Интер Мајами, потврди дека претставувањето на Лионел Меси како нивен нов член ќе се случи на 16-ти јули во 20 часот по локално време, а 2 по полноќ ноќта меѓу 16-ти и 17-ти јули по македонско време.
За овој настан има голем интерес, се најавува спектакуларна церемонија која ќе привлече фанови и новинари од целиот свет. На стадионот во Мајами ќе има забавен дел со учество на познати пејачи, како и говори на Меси и претставници на клубот. Во наредните денови ќе се откриваат уште детали.
Се очекува истата вечер да се појави и Серхио Бускетс кој исто како и Меси, договорен е со Интер, но уште нема потпишано договор. Инаку, дебито на Меси во дресот на Интер Мајами ќе биде на 22-ри јули против мексикански Круз Азул.