8001 Детроит пистонс – Вашингтон визардс (01.00 часот)
Детроит е најлош тим на Истокот, а Вашингтон има само четири победи повеќе од Клиповите, и да не им е феноменалниот Расел Вестбрук, веројатно Волшебниците би биле на дното. Ова се тимови кои имаа по три победи на последните десет меча. Вашингтон има пет порази по ред на гостувањата и ова им е прилика да ја прекинат низата. Пред четири дена, Визардс дома го совлада Пистонс со 106-92, но тогаш еден од подобрите беше Бредли Бил чиј настап е неизвесен за вечерва.
Предлог тип: <224.50 (1.84)
8404 Бруклин нетс – Шарлот хорнетс (01.30 часот)
Ова е своевидно дерби, бидејќи Бруклин е прв, а Шарлот четврти на Истокот. Двата тима се во форма, имаат по четири победи на последните пет меча. Нетс оди на четврта победа по ред, но нема да играат Дурант и новото засилување Олдриџ. Мрежичките ретко губат дома, па важат за фаворити. Шарлот го победи Бруклин со 106-104 пред нова година, и не смее да се отпише, но сега Бруклин е покомплетен и би требало да триумфира. Доколку игра Џејмс Харден, Нетс би требало да победи, тимот е во еуфорија што првпат по 2003 година се лидери на источната конференција.
Предлог тип: 1 (1.80)
8412 Мајами хит – Голден Стејт вориорс (02.00 часот)
Мајами има по 24 победи и порази, а Вориорс има скор 24-23. Двата тима излегоа од криза, Мајами после три порази, сега има две победи по ред, додека Воините го добија последниот меч после црната серија порази. Хит на последните два меча ја стегна одбраната, примаше помалку од 90 поени, но постигнуваа помалку од 100. На 17-ти февруари, Голден стејт го победи Мајами, а се играше продолжение откако во регуларниот дел средбата заврши 105-105. Мајами дома не победил од 17-ти март, а Вориорс во Мајами не славел од декември 2017 година.
Предлог тип: Т1 <110.50 (1.86)
8422 ЛА Клиперс – Денвер нагетс (04.00 часот)
Денвер е во серија од три победи, но ова е тешко гостување. Клиперс синоќа загуби дома од Орландо и ќе мора да прикаже подобра игра ако сака да го победи силниот Нагетс. Во нивниот единствен меѓусебен дуел сезонава, Клиперс триумфираше во Денвер со 121-108, но Грутките во септември победија три пати по ред во плејофот во минатата сезона и го елиминираа тимот од Лос Анџелес. Ова се два тима кои може секого да победат ако им тргне,.
Предлог тип: 8516 К. Ленард <27.5 (1.87)
8361 Тампа Беј лајтнинг – Колумбус Блу џекетс (01.00 часот)
Тампа Беј има три порази по ред, и веруваме дека нивната црна серија ќе заврши на дуелот со Колумбус. Лајтнинг и понатаму е прв во својата дивизија. Блу Џекетс има четири порази по ред, а синоќа ја запре таа црна низа и тоа токму против Молњите. Тампа беј ќе има мотиви да се реваншира за синоќешните 1-3 и за поразот од 2-5 во јануари. Тампа беј успеа и да го победи Колумбус во јануари, но едвај, со златен гол.
Предлог тип: 1 (1.65)