Мајами мора да оди на победа, но за сè ќе се прашува неверојатниот Јокиќ (Фото)

Вечерва се игра четвртиот натпревар од големото финале во НБА-лигата меѓу Денвер нагетс и Мајами хит, а Sport Life ја има најдобрата понуда за своите обложувачи.

Дебитантот во финалињата, Денвер нагетс, предводен од неверојатниот Никола Јокиќ, води со 2-1 во победи и вечерва ќе ја има фаворитската улога иако натпреварот ќе се игра на Флорида.

Денвер славеше и на првиот меч кој се играше во Мајами, а квотата за тоа да се случи вечерва изнесува 1.65, додека таа за триумф на Жешките кои немаат избор и мора да победат за да ја вратат неизвесноста во големото финале, изнесува 2.45.

Вечерва повторно сè ќе се врти околу Никола Јокиќ, центарот на Денвер во третиот меч беше фантастичен и стана првиот кошаркар кој во големото НБА-финале остварил трипл-дабл со 30-20-10. Јокиќ средбата ја заврши со 32 поена, 21 скок и 10 асистенции.

Во обложувалниците на Sport Life може да се одигра на триумф на Денвер со 0.5, 1.5, 2.5, 3.5, 4.5, 5.5 и 6.5 поени разлика со одлични коефициенти.

Финалната серија не може да помине без игрите за „плус-минус“ поени, скокови и асистенции на кошаркарите.

Очекувано, најмногу поени се очекуваат од Никола Јокиќ, границата за него изнесува 30.5 поени, додека таа за Џамал Мареј, кој на претходниот меч оствари трипл-дабл е 25.5. Кај Мајами, улогата на главен реализатор се очекува да ја има Џими Батлер, за кого границата изнесува 26.5 поени.

- Оглас -

Најнови вести