Екипите на Мајами и ЛА лејкерс дојдоа до предност од 3-1 во сериите против Милвоки, односно Мемфис.
Мајами на неверојатен начин дојде до победата против Милвоки откако имаше негатива сè до последниот период. Гостите ги контролираа натпреварот и резултатот, но не можеа да го сопрат неверојатниот Џими Батлер, кој уфрли 56 поени. Домашните на крајот успеаја во намерата и направија пресврт за конечни 119-114.
ЛА лејкерс и Мемфис одиграа изедначен натпревар кој на крајот и така заврши, односно со нерешен резултат по регуларното време, 104-104. Домашните беа подобри во продолжението со 13-7 за конечни 117-111. Десмонд Бејн од Мемфис беше најпрезицен на паркетот со 36 поени, додека предводници на ЛА лејкерс беа Ривс со 23 поени и Џејмс со 22.