Мајами никогаш не дал повеќе тројки, Лејкерс немоќен против Феникс

Феникс санс без поголеми проблеми извојува победа на гостувањето кај ЛА лејкерс со 108-90, во еден од последните мечеви на Езерџиите пред прекрстувањето на нивната сала „Стејплс центар“ во „Крипто.ком арена“. Веќе почна ребрендирањето, а за некој ден старото име ќе оди во историјата.

Сонцата предводени од Деандре Ајтон и Девин Букер доминираа во второто полувреме, па на Лејкерс не им помогнаа ни 34-те поени на Леброн Џејмс и 22-та на Расел Вестбрук. Феникс има четири победи по ред, а Лејкерс има три порази по ред.

Мајами хит имаше шутерско шоу во победата над Индијана од 125-96. Тајлер Хиро и Данкан Робинсон уфрлија по 26 поени, а на овој меч Жешките погодија дури 22 тројки (од 49 обиди), што е изедначување на клупскиот рекорд.

Далас без Лука Дончиќ и само со деветмина кошаркари во составот успеа да ја победи Минесота со 114-102. Њу Орлеанс пеликанс за првпат сезонава има три победи по ред, нивна жртва синоќа беше Портланд, кого го совладаа со 111-97. Њујорк никс по еден месец пауза, конечно победи дома, и тоа против Детроит со 105-91.

- Оглас -

Најнови вести