Мајами хит води со 3:0 во победи против Бостон селтикс и ноќеска на свој терен треба да победи за да си обезбеди место во НБА-финалето на плејофот. Првпат во плејоф-серијата против Бостон, Мајами е во улога на благ фаворит.
Во понудата стандардно се и „плус-минус“ понудите за постигнати поени, скокови и асистенции.
Доколку Мајами победи, тоа ќе биде „метла“ за Бостон и перфектни 4:0 во финалето на Истокот. Утрово, Денвер со 4:0 во победи го елиминира Лос Анџелес лејкерс во финалето на Западот.
Низ историјата на плејофот, само во далечната 1957 година се случило конференциските финалиња да бидат до доминација на еден тим, но тогаш се играло до три добиени, па Бостон со 3:0 го елиминирал Сиракјус, а Сент Луис со истиот резултат славел над Минеаполис. Никогаш немало две „метли“ во конференциските финалиња откако се игра до четири победи.
Тука се и игрите за постигнати тројки, украдени топки, како и вкупен учинок на бројот на поени, скокови и асистенции.