Мајами пред „метла“, Феникс ја налути Веѓата, Јокиќ ја сврте серијата против Портланд (видео)

ЛА лејкерс ја сврти серијата на 2-1 против Феникс санс со победата од 109:95 рано утринава откако серијата се пресели во Лос Анџелес. Езерџиите повторно предводени од Ентони Дејвис кој блесна со 34 поени и 11 скока, еден повеќе претходниот меч, успеаја да ја преземат контролата во оваа тешка серија против вториот најдобар тим од Западот.

Клучен беше третиот период во кој Веѓата постигна 18 од своите 34 поени, а Лејкерси остварија двоцифрена предност по што гостите од Аризона не најдоа начин како да се вратат во дуелот.

Ејтон со дабл-дабл од 22 поени и 11 скока се обиде да ги одржи Сонцињта во игра, меѓутоа недостасуваа поените на Букер кој застана на само 19 поени, додека домаќините покрај Дејвис беа потпомогнати и од Леброн Џејмс со 21 поен, 9 асистенции и 6 скока.

https://twitter.com/NBA/status/1398128475513360392

И Денвер успеа да ја сврти серијата на 2-1 против Портланд откако истата се пресели во Орегон, па новото МВП издание на Никола Јокиќ беше доволно за Нагетси да триумфираат со 120:115.

Џокерот со дабл-дабл од 36 поени и 10 скока делуваше незадржливо за Лилард и дружината, а клучниот момент по кој Денвер ја доби пресметката беше на три секунди до крајот. Јокиќ се искраде во рекетот и ги надополни промашените слободни на неговиот соиграч.

Во меѓувреме Милвоки бакс запиша уште еден убедлив триумф над Мајами со 113:84 и води со 3-0 во серијата против актуелниот вицешампион, што воедно е закана за Жешките дека во следниот меч може да претрпат елиминација со „метла“, односно без добиена партија.

Крис Мидлтон со 22 поени повторно беше најефикасен за Елените, Јанис се надоврза со дабл-дабл од 17 поени и исто толку скока.

- Оглас -

Најнови вести