Мајами хит е на половина пат да обезбеди пласман во втората рунда од плејофот во НБА-лигата откако поведе со 2-0 во серијата против Индијана пејсерс со конечните 109:100. Тимот на Ерик Сполстра уште еднаш покажа дека има повеќе квалитет од екипата која доаѓа од Индијанаполис, по што се најавува „метла“ за Пејсерси.
По фуриозната серија на Мајами од 12-3 на стартот од мечот, Индијана ја презеде иницијативата и држеше резултат речиси до паузата. Пред полувремето, Жешките го забрзаа ритамот и ја презедоа контролата, а второто полувреме беше потполно во нивен знак.
Duncan off the dribble ☔️
Make it 24 PTS, 7 triples for the @MiamiHEAT shooter on ESPN! #NBAPlayoffs #WholeNewGame pic.twitter.com/yX4F9Yknkf
— NBA (@NBA) August 20, 2020
Робинсон со 24 поени го предводеше Мајами, Батлер застана на 18 поени, односно два помалку од Драгиќ. Оладипо беше расположен со 22 поени, меѓутоа тоа не беше за Индијана да избегне втор пораз во серијата.
https://twitter.com/NBA/status/1296511355671937031