Мајк Џордан за неговиот 60-ти роденден донираше 10 милиони долари за помош на болни деца

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан уште еднаш ја воодушеви светската јавност. Ако во минатото Џордан изнудуваше воздишки со своите потези на теренот, сега тој прави потези за респект, надвор од теренот.

Кошаркарот кој за многумина е најдобар на сите времиња на 17 февруари ќе го прослави јубилејниот 60-ти роденден. Во чест на неговиот роденден, Џордан одлучи да донира 10 милиони долари на хуманитарната организација Make-A-Wish. Тоа е организација која им помага на тешко заболените деца. Соработката меѓу Џордан и оваа организација трае повеќе од три децении.

„Во изминативе 34 години ми беше чест да сум партнер на Make-A-Wish и да помогнам на многу деца повторно да добијат насмевки на своите лица и среќа. Нивната сила и отпорност во текот на периодот кога биле тешко болни е вистинска инспирација. Не можам да замислам подобар роденденски подарот од тоа, што повеќе луѓе да ми се приклучат во акцијата да се донира во Make-A-Wish. Така сите ќе помогнеме секое дете да може да ја исполни желбата, а тоа е да биде среќно“, вели Џордан.

- Оглас -

Најнови вести