Црвениот картон кој синоќа му го покажа на Ешли Јанг од Манчестер јунајтед, за судијата Мајк Дин беше јубилеен 100-ти во неговата кариера како главен арбитер на фудбалски натпревари.
Со ова строгиот 50-годишен Дин стана прв делител на правдата во историјата на Премиер лигата кој исклучил дури 68-мина играчи (второто место го држи Мартин Еткинсон, кој исклучил 58 различни играчи), а покажал 100 црвени картони.
Во неговата кариера, Дин судел на 477 меча, што значи дека во просек, на секоја петта средба тој некому му дава црвен картон. Исклучуваше и голмани и играчи кои се радувале по постигнат гол, а во зимата 2017 година, под казна го префрлија во Шампионат лигата бидејќи наводно се радувал кога Тотенхем давал голови.