Голманот на Милан, Мајк Мењан, потпиша нов договор со Росонерите, пренесуваат италијанските медиуми. Се очекува официјалната потврда да биде објавена до крајот на викендот.
Договорот го врзува францускиот голман со клубот до јуни 2030 година, со опција за продолжување до 2031 година, која клубот може да ја активира по своја желба.
Само пред неколку месеци иднината на Мењан беше неизвесна. Летото тој беше поврзуван со трансфер, бидејќи неговиот претходен договор истекуваше на крајот на сезоната. Големи клубови како Челзи, Барселона и Манчестер јунајтед покажуваа сериозен интерес за него како слободен играч.
Сепак, 30-годишниот француски репрезентативец стави крај на шпекулациите, а медиумите го забележаа во клупската централа додека ја финализираше новата спогодба.
Со новиот договор, Мајк Мењан станува еден од најплатените играчи во составот на Милан, со годишна плата од околу 5 милиони евра, која може да порасне за уште 2 милиони под одредени услови.

