Мајк Мењан пет дена по страшниот судир на мечот со Удинезе, доби дозвола да се врати на тренинзи

Голманот на Милан и француски репрезентативец, Мајк Мењан, доби зелено светло од лекарите да се врати на тренинзите, само неколку дена по незгодниот судир со својот соиграч Алек Хименес на натпреварот против Удинезе.

Инцидентот се случи во петокот, а Мењан кратко изгуби свест и беше изнесен на носилки, a Милан славеше триумф од 4-0 во Удине. За среќа, деталните прегледи не покажале никакви посериозни последици.

„Мајк помина низ специјализирани прегледи кои ги исклучија можните компликации. Во следните денови ќе започне со постепено враќање во тренажен процес“, стои во соопштението на клубот.

Првите неколку дена ќе работи според индивидуална програма, а потоа ќе им се приклучи на своите соиграчи.

Милан в недела го пречекува силниот тим на Аталанта, кој моментално е третопласиран во табелата. Очекувано, Марко Спортиело, кој влезе како замена во 55-тата минута против Удинезе, најверојатно ќе го брани голот на Росонерите и на овој меч.

- Оглас -

Најнови вести